Претседателот на Стопанската комора за енергетика Ѓорѓи Манасков предупредува дека тоа што нема акредитирано тело да ја контролира ЕВН ѝ остава простор на оваа компанија самата да ги чита броилата и да ги им фактурира на граѓаните според свое видување. Манасков оди до таму што отворено вели дека ЕВН нè краде.

ЕВН културно си додава киловати или мегавати на нашите дигитални броила, колку сака, затоа што ЕВН знае дека не постои акредитирана компанија да ја контролира. И никој ништо не ѝ може и си прави што си сака и колку сака. А граѓаните и компаниите во Македонија се многу питом народ и ќе си молчат и ќе си платат како попче. Народот е плашлив и на протест не излегува за да не го избркаат од работа, пишува Манасков.

Манасков вели дека Стопанската комора за енергетика на Македонија побарала од премиерот и Владата да им го дадат договорот со ЕВН.

И до ден денес не добивме ништо, туку само навреди и изјави дека не сме биле регистрирани во нивните комори со кои они соработуваат… (па тие комори со кои соработуваат никогаш нема ни да им го побараат договорот). Побаравме која е таа компанија која ги проверува и контролира ЕВН и дигиталните броилата, колку и на кого додаваат киловати. 17 години ЕВН сами си го сервисираат и контролираат мерното броило и си додааваат киловати како им одговара, пишува Манасков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.