Екипите на Електродистрибуција од цела држава ја поминаа ноќта на терен, санирајќи дефекти во многу лоши теренски и временски услови.

Како што информираат од ЕВН Македонија, екипите се уште работат на отстранување на вчерашните и новонастанатите дефекти од утринава.

– Оваа кризна состојба налага соодветна реакција од нашата компанија и затоа во вакви услови се користат апсолутно сите мобилни екипи на располагање. ЕВН воедно вложува енормни напори да се отстранат и дефектите кои се појавија во непристапни места, каде што екипите на Електродистрибуција физички не може да стигнат поради лошите теренски услови, соопштија од ЕВН.

Обилните врнежи од снег предизвикаа голем број дефекти на среднонапонска и нисконапонска мрежа. Жители од повеќе населени места останаа без снабдување со електрична енергија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.