АД ЕСМ продава ноќни вишоци на електрична енергија по пат на јавна аукција и наддавање од заинтересираните купувачи, велат од компанијата во реакција на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски.
Во продолжение реакцијата на ЕСМ.
За периодот 20.8.-26.8.20022г продадени се 1750MWh по цена од 303 ева за мегаватчас. Понуди дале четири понудувачи, и нивните последни понуди на крајот на наддавањето биле:140, 266, 293 и 303 евра за мегаватчас. Избрана е највисоката понуда која е добиена. Со оглед на цените кои се добиени од повеќе понудувачи, јасно се гледа дека постигната цена е таа која е реална за предметните шест дена.
На аукциите на АД ЕСМ за ноќни вишоци енергија од 02-07ч. може да се пријави да купи секој субјект кој е на слободниот пазар: трговци, стопански субјекти, државни институции итн., доколку имаат потреба од електрична енергија во тие часови.
Во однос на изјавите и споредбите на лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски, ЕСМ не врши продажба на енергија на HUPEX, туку продава во земјата. Сите трошоци понатаму доколку таа енергија се носи надвор, ги сноси купувачот, како што се закуп на прекугранични капацитети и други издадоци на берзанското тргување, кои ја покачуваат крајната цена на берзата.
Кога веќе Христијан Мицкоски сака да говори на темата купување и продавање електрична енергија, повторно да потсетиме дека Мицкоски е тој кој во негов мандат во АД ЕСМ купуваше електрична енергија по 250e/MWh во време кога струјата се продаваше по 70е/MWh.
Секој човек со барем малку лично достоинство ќе размисли пред да влегува во вакви извртувања на фактите како денешното, и лажно претставување на податоци во услови на глобална енергетска криза, додека за своите постапки кога немало криза-никогаш не дал одговор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.