ЕСМ понуди 48 евра за мегават час на тендерот на ЕВН Хоум. Тоа е 17% повисока цена од онаа која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач.

Од ЕВН велат дека на денешниот тендер за набавка на електрична енергија за периодот од јули-декември се јавила само една понуда од АД ЕСМ и е единствен и најповолен понудувач.

Сега на ред е Регулаторна која треба да направи пресметки. Она што досега е познато е дека речиси сите енергетски компании побараа зголемување на цените за услугите кои ги вршат. МЕПСО побара 68% зголемување, додека Електродистрибудија дури 80%. Сите овие барања Регулаторот треба да ги пресмета и одлучи што ќе прифати, а што не. Со тоа ќе биде познато и колкаво поскапување на сметките за струја ќе имаат граѓаните од 1 јули.

Инаку ЕСМ во јануари понуди за 13,6% повисока цена, односно од 36 евра за мегават, во првите 6 месеци годинава, струјата на ЕВН им ја продава по цена од 41 евро за мегават час. Тоа пак, за домаќинствата значеше поскапување од 9,48% на крајните сметки за електрична енергија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.