Директорот за развој и инвестиции на АД ЕСМ, Благој Гајдарџиски, учествуваше на регионалната конференција за енергетика „Самит за енергетската иднина” што се одржа во Требиње.

На панелот насловен „Патиштата и динамиката на транзиција на електростопанствата од регионот” директорот Гајдарџиски ги изложи проектите во обновливи извори на АД ЕСМ и планот за идни инвестиции кои се во правец на движење на државата кон зеленото сценарио во производството на електрична енергија, а кои имаат голема поддршка од европската Енергетска заедница, велат од ЕСМ.

Додаваат дека од страна на Гајдарџиски на панелот беше пренесена оценката од ЕЗ дека Македонија е лидер во енергетската транзиција и во реформите во енергетиката, вклучувајќи законски решенија услогласени со регулативата на ЕУ, Стратегија за енергетика до 2040, активности кон зелено сценарио и проекти за реализација на сценариото за енергетска транзиција.

Присутните на конференцијата беа запознати дека АД ЕСМ ја менаџира енергетската и топлинската криза во Македонија, a во исто време работи и на реализација на инвестициите во обновливи извори на енергија, велат од компанијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.