Блок 1 на РЕК Битола попладнево околу 15 часот е ставен во функција. Постројката произведува електрична енергија и е синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем, информира АД ЕСМ.
Благодарание на стручноста и ангажманот на вработените во Термоелектраната, за нецели 24 часа санирани се пукнатите цевки заради кои блокот вчера утрото мораше да биде исклучен. РЕК Битола во моментов работи со два блока. На Блок 3 во тек се завршните зафати за монтажа на новиот трансформатор, по што и оваа постројка ќе биде ставена во функција, посочуваат од ЕСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.