Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми објасни дека договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид е доделен во 2014 година на кинеската компанија Синохидро.
„Во 2017 година е откриено дека проектираната траса е комплетно погрешена затоа мора да започнат одново, со менување на трасата и ново планирање кое доведе до повеќе изгубено време, но и дополнителни финансии“, вели Рустеми.
На новинарското прашање дали некој треба да понесе одговорност, дали до сега е покрената некаква кривична пријава за лица или поединци одговорни за оваа грешка која ја чини државата и граѓаните сериозни пари, Рустеми рече дека не.
Тој додаде дека е сега фокусиран за реализација на обврските на државата за изменетата траса, експропријација на имотите, релокација на објектите и таканатаму.
„За да не дојдеме утре во ситуација да ѝ плаќаме пенали на компанијата која гради, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.