Анета Димовска Симеска, директорката на Државниот пазарен инспекторат вели дека во текот на вчерашниот ден биле примени дојави за ограничување на точење гориво на две бензиски станици во Скопје и по една во околината на Битола и Тетово.

Морам да укажам дека беше нереален напливот можеби од стравот дека трговците ќе ги истрошат залихите многу побргу. Имавме дојава за бензински пумпи, две во Скопје, една во Тетово и Битола, немавме прецизно, околината , но со излегувањето на терен тоа се надмина.

Ние ги посетивме сите бензински пумпи каде што беше пријавено за нечесно однесување согласно законот за потрошувачи. Казната е 4.000 евра, за правното лице и околу 1.200 евра за одговорното лице“, рече Димовска Симеска во утринската емисија на Телма.

Таа додаде дека утрово инспекторите се повторно на терен. Директорката на ДПИ додаде дека засега ниоту една членка-превозник на МАКАМ-ТРАНС што се пожалила до асоцијацијата дека над 100 литри се барало доплата од 4 денари по литар, не се јавил во инспекторатот.

До овој момент немаме доставено таква пријава од Асоцијацијата, доколку биде доставена, ДПИ веднаш ќе излезе на терен.

Во поглед на констатираните наоди, доколку во моментот затекнеме ситуација на одреден потрошувач во даден момент да му се утврди попреченост, во тој момент ќе се утврди состојбата, тоа е целата суштина.

На самото место се утврдува нерегуларниот однос кон потрошувачот, но на терен немавме лица со таква преставка, наведе првиот човек на ДПИ.

Димовска Симеска рече дека акцијата започнала по 15.00 часот, кога биле добиени првите телефопнски јавувања, како и повикот од Регулаторната комисија за енергетика.

Граѓаните кога ќе се јават мора да ни потврдат на самото место дека биле оштетени, наведе Димовска Симеска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.