Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски доделувал државни пасишта на користење спротивно на законот, без јавен оглас, тврдат сточари и пчелари. Тие реагираат дека во период од 2016 до денес, откако на власт се СДСМ и ДУИ нема објавено ниту еден јавен оглас за доделување на пасиштата, но затоа се дозволува масовно склучување на договори со непосредна спогодба.
Цели осум години државните пасишта се даваат се доделуваат на користење на симпатизери и членови на владеачката коалиција, спротивно на законот без јавен оглас. Никој досега не покренал ништо против тоа, иако сите знаат. Еве го повикуваме Јавното Обвинителство по допрен глас и постоење на јавен интерес, поради основано сомнение да го истражи случајов и да превземе мерки согласно закон – велат наште соговорници.
Тие тврдат дека Николовски треба да одговара поради не вршење на должен надзор дирекно одговорен за масовнo склучување на стотици договори со непосредна спогодба за користење на пасишта и пасишта за паша на пчелни семејства без јавен оглас. Пасиштата се добро од општ интерес согласно Уставот на Република Македонија и имаат посебна заштита. Тие се користат под услови и на начин согласно Закон за пасиштата, во кој закон надзор над спроведување на одредбите врши МЗШВ, а работите на инспекциски надзор го врши Државниот инспекторат за земјоделство. За доследно почитување на одредбите од законот и отстранување на утврдените неправилности државните инспектори за земјоделство се овластени да донесат решение, а жалбата против решението се изјавува до министерот на МЗШВ или да превземаат други мерки согласно закон. Согласно одредбите од законот, за стопанисување со пасиштата во државна сопственост Владата основа Јавно претпријатие за пасишта кое стопанисува со пасиштата, а работите на управување, унапредување и користење на пасиштата се од јавен интерес.
Оттука е јасно дека Љупчо Николовски имал обврска да врши должен надзор и над работата на ЈП за пасишта дали постапува согласно одредбите од законот, но не е јасно зошто не спречил и со тоа дозволил масовно без јавен оглас да се склучуваат стотици договори за користење на пасишта за пасење на ситен и крупен добиток, но и да се склучуваат договори за пасишта за паша на пчелни семејства исто така со непосредна спогодба со поставување на времени објекти, по принципот прв дојден прв услужен само врз основа на писмено барање поднесено до подружниците на ЈП за пасишта за договори кој биле истечени во 2022 година и кој истекувале во 2023 година со продолжување на една година, односно и за оние сточари/ пчелари кој воопшто немале договор за користење со ЈП за пасишта.
Законот за пасиштата е повеќе од јасен, ЈП за пасишта ги дава пасиштата на користење на правни и физички лица, по пат на јавен оглас, во зависност од капацитетот на пасиштата. Постапката како се доделуваат пасиштата е јасно е уредена. Според неа директорот на ЈП за пасишта донесува одлука за распишување на јавен оглас, по предходно одобрение од Владата на Република Македонија, постапката ја спроведува Комисија формирана од Владата, се објавува јавен оглас, рокот за поднесување понуди е 30 дена, се врши рангирање на најповолниот понудувач и по доставениот предлог Владата донесува одлука за избор, а понудувачот кој не е задоволен од извршениот избор дека може да покрене тужба пред надлежниот Управен суд. Но спротивно на ова, Управниот Одбор на ЈП за пасишта на 85-тата седница одржана на ден 22.12.2022 година носи три Одлуки со кој пасиштата ги издава на користење со непосредна спогодба, за оние кој немаат воопшто договори за користење на пасишта, како и за договорите кој истекуваат во 2022 и 2023 година само врз основа на писмено поднесено барање преку составување на записник на лице место за плаќање на надомест – пашарина годишно, со напомена дека 3-те одлуки стапуваат во сила со денот на нивното донесување, а дека ќе се применуваат до денот на донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за пасиштата кој наводно е во постапка на донесување или најдоцна до 31.12.2023 година. До денес таков Предлог на Закон за изменување и дополнување на Закон за пасиштата не е донесен, но и да бил донесен законот не можел да има ретроактивно дејство.
Управниот Одбор на ЈП за пасишта на ден 22.12.2022 година носи 3 Oдлуки и тоа : Одлука под број 02-373 /4 и Одлука под број 02-373 /5 за утврдување на начинот на привремено користење на пасиштата во државна сопственост на правни и физички лица дека сопствениците на стока кој користат пасишта, а немаат воопшто договори за користење или им се истечени договори во 2022 година или за договорите кои истекуваат во 2023 година, дека правото на привремено користење на пасиштата ќе го остварат само со поднесено писмено барање до ЈП за пасишта и дека со барањето се наведува и можноста за поставување на времени објекти (бачила,трла,поила и.т.н) и. Одлука под број 02-373/6 за пасишта за поставување на пчелни семејства од страна на правни и физички лица со најмалку 10 пчелни семејства, кои немаат воопшто договор или имаат истечени договори во 2022 година или договорите им истекуваат во 2023 година, дека правото ќе го остварат само со поднесување на писмено барање до подружниците и дека кон барањето може да ја наведат и потребата од поставување на помошни објекти не поголеми од 20м2.
Со Одлука под број 02-373/6 за поставување на пчелни семејства, ЈП за пасишта доделува и пасишта за паша на пчелни семејства, но согласно законот ЈП за пасишта нема воопшто таква надлежност или во законот едноставно нема одредба која регулира прашање за поставување за пчелни семејства, но ЈП за пасишта издава пасишта за оваа намена и за поставување на помошни објекти, по информациите кој ги добивме тоа го прави повеќе од 6 години – вели нашиот соговорник кој приложи и документи со кои го поткрепува своето тврдење.
Тој нагласува дека Николовски должи одговори пред јавноста. Го повикува да каже дали ова сето вистина, дали од 2016 година до денес не е објавен ниту еден јавен оглас, колкав е вкупниот број на вакви склучени договори од ЈП за пасишта и дали тие сѐ уште се во важност, а Јане Станкоски како Директор на Државниот инспекторат за земјоделство да одговори зошто до сега не превзел мерки и дали воопшто мисли да превземе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.