Надлежните молчат, за скандалите од епски размери во ЕЛЕМ и ЕСМ – само последниот од нив тежи 22 милиони евра, кредитот од ЕБОР од 100 милиони евра ќе го враќаат граѓаните, а раководството на РЕК Битола држи небулозни прес – конференции. Првин, излегуваат за да кажат во идно време дека трите блока ќе проработат до крајот на претстојната грејна сезона, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Во продолжение следува интегрален текст од нивната прес-конферениција:

Потврдуваат дека им фалат работници, а од друга страна не ја кријат намерата дека ќе го затворат РЕК Битола, без око да им трепне за вработените и за уништувањето на најголемиот енергетски систем во Македонија, со што и економски и енергетски ја уриваат и ја ставаат во зависна и крајно очајна положба.

Потврдуваат дека експлоатациониот век на рудниците е при крај, а домашниот јаглен нискокалоричен.
И, почитувани, замислете, на крај, сосема бесрамно, соопштуваат дека ќе продолжат со “бизнисот” набавка на јаглен со сомнителен квалитет од Грција и Албанија!

Да, дрско и без срам, обзнануваат почитувани, дека до нив не допираат мислењата на експертската јавност, во однос на јагленот што го набавуваат од Грција и Албанија, не ги согледуваат непоправливите штети, што се предизвикани од тој јаглен во Комбинатот!

Почитувани, што треба повеќе за по кој знае кој пат да бидат поставени прашањата за нивната неспособност и нестручност и прашањето дали се една од клучните алки во криминално – тендерските релации на оваа централна власт на СДСМ и ДУИ во енергетиката?

Нема друг излез, освен избори, а совест никогаш и немале за да поднесат оставки! Оваа власт, за сите злодела, треба да ја плати сметката пред вас, почитувани граѓани!

А, двата блока со кои се пофалија не ја издржаа ни нивната небулозна прес – конференција!
Важно е, да си заминат!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.