Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев денеска заедно со министерот за земјоделство Цветан Трипуновски оствари работна средба со преработувачите на пиперка.

На средбата, како што информираат од Државниот инспекторат за земјоделство, се дискутирало за текот на откупот на пиперката, при што било потврдено дека откупните цени мора да се почитуваат согласно првичниот договор на стартот на откупната сезона. Инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство секојдневно се на терен и ја надгледуваат состојбата и текот на откупот.

– Напорно работиме за да бидат задоволни македонските земјоделци. Македонија заслужува подобро и поквалитетно земјоделство, велат во заедничка изјава до медиумите Трипуновски и Анакиев, се вели во соопштението од Државниот инспелторат за земјоделство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.