Ковачевски и Муртeзани се паразитите во ЕСМ и МЕПСО, рече на денешната прес-конференција за аферата „Паразити“ Ивица Томовски од ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, објаснувајќи дека директорите на ЕСМ и МЕПСО, Васко Ковачевски и Орхан Муртезани се наградени со 1.700 евра плата месечно, додека ЕСМ увезува и до 1/3 од дневните потреби за ЕВН.

ЕСМ на ден купува и над 3.000 мегават часа струја, по цени и над 250 евра, тоа се 750.000 евра на ден кои се одлеваат како девизи од државата, а тоа е така затоа што не работат РЕК Битола и РЕК Осломеј со полн капацитет. Но, тоа не е проблем Ковачевски да зема плата од 1.700 евра месечно, односно над 20.000 евра годишно. Ковачевски за еден мандат ќе ја чини државата над 80.000 евра, придонесот негов не е ниту нула, туку е далеку под нула.  Исто е и со Орхан Муртезани, кој како државен паразит зема 80.000 евра плата за еден мандат на чело на МЕПСО. На линија паразити во енергетскиот сектор од ЕСМ и МЕПСО Ковачевски и Муртезани е и Бајрам Реџепи, извршен директор на Национални Енергетски Ресурси, кој месечно зема 1.300 евра плата, и за една година од оваа државна компанија наплаќа 15.000 евра. 
Реџепи од НЕР, за еден мандат ќе ја чини државата 60.000 евра, а никој не знае кој е неговиот придонес, рече Томовски.

Тој прашува, кој е придонесот на сите директори во енергетските претпријатија кои ја чинат државата стотици илјади евра, а Македонија дневно одлева по 750.000 евра за купување на струја за регулираниот пазар?

Што сработиле Ковачевски, Муртезани и Реџепи за Македонија? И за граѓаните од чии даноци земаат плата од десетици илјади евра годишно? Затоа веднаш по смена на власта, ќе биде направена ревизија на платите. Не смее да има преплатени работни места и мора да има резултати. Функционерите на власта, паразити кои немаат никаков допринос за државата се луѓето кои сакаат оваа власт да остане, за да можат да продолжат со луксузниот живот. А народот е тој кој бара промена за да има подобра иднина. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори, вели Томовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.