Советникот во Општина Росоман од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Павле Димов, во изјава за медиуми го потсети министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски што има ветувано во Сирково, дека токму тоа село ќе добие клучка за експресниот пат Градско – Прилеп.
Се наоѓаме точно на местото во Сирково, точно на ова место се случи и најголемата лага што ни ја кажа министерот Бочварски од Скопје. Тој беше тука заедно со својата делегација и изведувачот на градежните оперативи. Токму на ова место ни беше ветувано дека ќе има приклучок. Министерот дојде на лице место, го разгледа теренот и кажа дека е погодно за таква работа. Дури и рече ќе дојдам со комплетна документација да ви кажам да го почнеме проектот. Но, тоа не се случи. Го чекаме околу 2-3 месеци, иако тој рече за две –три недели ќе дојде тука – истакна Димов.
Тој додаде дека претходно кога ја активирале блокадата за два дена поточно на 30-ти март биле повикани во Скопје, во министерство за транспорт, кај што министерот рекол дека од клучката нема да се случи. И им ветил алтернативно решение пат од 6 метри до клучката на Крушевица, но таа нема да е нефункционална за никого.
Ние имавме две барања, првото беше приклучок на брзиот пат Градско – Прилеп. И второто барање ни беше овој пат што оди од Росоман до Сирково и од бензинската до Сирково комплетно да се преасфалтира бидејќи ние гo дадовме во комплетно нова состојба.
Ние санација не прифаќаме. Значи оттука би ги повикал надлежните од Општината да го повикаат министерот да дојде бидејќи ние од први јули повторно ќе го активираме овој штрајк – нагласи Димов
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.