Низ годините наназад постојано зборуваме за фантом пензионери, за фантом осигуреници, но никој досега не извади податоци. Очекувам во периодот кој следи најпвин да се направат ревизии, да ја видиме реалната состојба на Пензискиот фонд, а потоа може да размислувате каква политика ќе воведувате, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска.
-За да може да носите одредени одлуки, вие мора да ја имате реалната слика. За жал во изминатиот период можам само да констатирам дека ние никогаш не сме ја имале реалната слика. Јас сега имам постојана комуникација со министрите, бидејќи го подготвуваме буџетот за 2025 година, разговаравме за одредени работи кај нив и она што најмногу ме загрижува е неодговорноста на поедини институции во делот на тоа како треба да си ги третираат своите обврски и реализации на буџетот. Ние сето тоа тоа треба да го смениме, и токму во таа насока МФ веќе прави план и почнува со работа со Академијата за јавни финансии каде што ќе има постојано предавања и обуки за вработените во делот на финансии по институциите, бидејќи навистина имаме големи недоразбирања и потоа се појавуваат обврски за кои што тие дури не се ни свесни. Често одговорот им е вака било 30 години, тоа треба да го смениме, да застанеме на нозе и да ја видиме реалната слика и да најдеме механизам како тоа ќе го менуваме, вели министерката за финансии на новинарско прашање дали Владата работи во насока на креирање политики во наредниот период за зајакнување на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и негова самоодржливост.
Во однос на пензиите, напоменувајќи дека е во надлежност на Министерството за социјала, по ново демографија и млади, таа посочи дека лицата со најниски пензии се токму лицата од периодот на транзицијата, кои останаа без работа или имаат малку стаж.
За барањето на синдикатите за минимална плата од 450 евра, таа кажа дека не би коментирала однапред за прашање кое ќе се разгледува на денешната прва седница на Социо-економскиот совет која ја води министерот за економија и труд, каде треба да се донесат одредени политки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.