Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска- Кочоска во интервјуто за „Република“ ја искоментира состојбата на буџетот. Според неа,во буџетот ќе фалат околу 200 милиони евра поради намалена наплата на ДДВ. Она пак што го полни буџетот се придонесите затоа што овие плати колку и да имаат помала вредност од претходните години сепак поради тоа што се повисоки придонесите се на поголем износ.

Ако планираните приходи за 2023 година требало да бидат поголеми за 16 проценти во однос на минатата година реализацијата покажува дека заклучно со мај тие се за 14 проценти помали, односно не го полниме буџетот како што треба. Најмногу не полниме во буџетот кај ДДВ-то кое на исто ниво како минатата година ниту пак ќе го остварат планираниот БДП. Ако економијата продолжи да се движи по истата линија ќе имаме 200 милиони евра помала наплата на данокот на додадена вредност што ќе фалат во буџетот.Од друга страна имаме поголема наплата на данокот на личен доход и на данокот на добивка но тие можат да наплатат околу 40 милиони евра. Значи 160 милиони евра повторно фалат.Она што го полни буџетот се придонесите затоа што овие плати колку и да имаат помала вредност од претходните години сепак поради тоа што се повисоки придонесите се на поголем износ. Расходите исто така одат со позабрзана динамика отколку планираното.Биле планирани 16 пораст во однос на лани а поранале 20 проценти.Најголем раст имаме кај капиталните инвестиции од 280 милиони евра а тука влегуваат парите кои ги префрлиле на Државни патишта за Коридор 8 за казнени пенали и плус парите за ЕСМ.И во едниот и во другиот случај не станува збор за капитални инвестиции што значи дека имаме повторно зголемување на непродуктивни расходи кои во суштина на долг рок ја уништуваат фискалната политика. Кога ќе дојде време за ребаланс повторно ќе скратат од капиталните инвестиции, и тоа што го планираа ќе мораат да го скратат.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.