Буџетот е 5 милијарди ако го гледаме од аспект на приходната страна, тоа се приходи кои врз основа на нашите анализи се нереално планирани. Зошто, затоа што веќе и во 2023 година повеќе од јасно е дека приходите така како што им беа планирани нема да се реализираат особено имаше потфрлање во делот на прибирање на ддв. Дополнително, каде го гледаме проблемот, во тоа што фокус ставаат на бруто инвестициите, тоа е една од работите кои многу недостасуваат низ годиниве кога е СДСМ на власт, а најголемо потфрлање има во инвестициите во основни средства. Тоа е поради незаинтересираност на приватниот сектор да инвестира, затоа што не е исто да купите залихи кои може да ги продадете и да се отселите од една страна, и од друга, ако решите да купите машини, да градите, да инвестирате“, рече Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната емисија 24 Анализа што се емитува на телевизија 24.

Потпретседателката говореше и за расходната страна на буџетот при што потенцираше дека не станува збор за развоен буџет и оти „логично е да сме загрижени затоа што станува збор за буџет со фокус на непродуктивни трошења, на работи кои нема да донесат до раст“.

Според Димитриеска Кочоска во однос на пензиите има многу мали проекции кога се гледа споредбено низ години.

„2023 година во однос на 2022 година било 165 милиони евра повеќе за пензиите, а за следната велат 115 милиони евра или помалку. Јас велам нема показатели кои велат дека ова е доволно. Не знам како проектираа дека пензиите помалку ќе растат следната година имајќи предвид дека платите ќе пораснат. И да можеби инфлацијата ќе е пониска, но методологијата за пресметка на пензиите е врз основа на просечна плата и инфлација и можеби платите ќе растат, а инфлацијата ќе е пониска, но сметат дека не се доволно добри проекциите ако се има предвид методологијата за пресметка на пензиите“, рече таа.

Според Димитриеска Кочоска буџетот е планиран само за до шести месец додека поминат изборите.

„Нив ги интересираат само тие работи за до изборите, а кога ќе дојде новата власт тогаш тие нека му ја мислат за трошоците“, рече Димитриеска Кочоска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.