Имаме рекордно најниско производство на електрична енергија и поради тоа се случуваат загубите во ЕЛЕМ, додека во исто време има огромни фиксни трошоци, изјави потпретседатечката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска за „Стадион“ на Канал 77 потенцирајќи дека заради погрешниот пристап на власта во енергетиката денеска имаме повисока цена на електричната енергија и посиромашни граѓани.
Либерализацијата која ја направија доведе до ова денес, повисока цена, посиромашно граѓанство и немаше потреба од либерализација и кога ја направија кажуваа приказни дека напуштаат термоцентрали, и дека ќе се фокусираат на гасни централи и обновливи извори на енергија, а втората фаза на ветерниот парк Богданци 5 години не им е завршена – рече Димитриеска Кочоска.
Таа истакна дека додека власта се правда дека има загуби заради тоа што ја продавале струјата на ЕВН под производната цена, реалноста е дека производната цена зависи многу и од тоа колку сте произвеле, а се произведува историски најниско досега.
Затоа што во исто време ако не произведете и продадете повеќе имате огромни фиксни трошоци и загубите се огромни. На ЕЛЕМ загубите што му се случуваат токму од тој проблем се, затоа што производството падна на историски најниско ниво и во исто време има огромни фиксни трошоци. ЕЛЕМ има над 5 милиони евра месечен расход само за плата. Тој приход мора од некаде да се обезбеди. Требаше да се фокусираат да го подигнат производството, но тоа не се случува – потенцираше таа.
Димитриеска Кочоска посочи дека колку се заинтересирани за работа покажаа уште во првата година кога дојдоа на власт кога ја намалија откривката на јаглен, го намалија концептот на термоцентрали и сега кога видоа криза се враќаат назад и баш заради тоа имаме проблем, ниеден рудник не може да почне за една година.
Има ли пресметка колкави се трошоците на ископ во однос на произведената електрична енергија во РЕК Битола? Дали тие растат или се намалуваат затоа што и покрај купената механизација, надворешени фирми работат таму. Велат дека прават капитален ремонт, но им се случува куршлус на блок 3 и никој не може да го констатира има има надвор од употреба на блок скоро цела година – нагласи Димитриеска Кочоска.
Таа воедно го запраша директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски да одговори на што се потрошени парите, односно каде се заминат 18 милиони евра за кои нема отчет.
На официјалната страница на ЕСМ постои податок за 171 милион евра кои ги имаат добиено како се потрошено, но кога ќе се соберат официјалните математики излегува дека отчет даваат за само 152 милиони, Васко Ковачевски треба да каже каде се потрошени уште 18 милиони за кои не даваат отчет – посочи таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.