На речиси половина од македонските граѓани, односно 49,1 отсто, месечниот буџет со кој располагаат не им е доволен за да им ги покрие основните месечни потреби за живот, покажува најновата анкета на Детектор.
Според неа, над 80% од анкетираните велат дека трошоците на нивното семејство лани биле зголемени. 54,4% велат дека имале многу зголемени трошоци а 28,3% донекаде зголемени. Без поголеми промени велат дека поминале 13,4% од анкетираните, 1,5% велат дека имале донекаде намалени трошоци а многу големо намалување на почувствувал никој.
Според анкетата, 57,9% од анкетираните се на ставот дека не сме подготвени за справување со енергетската криза, додека 32,6% делат став дека сме подготвени.
Анализата на етничката структура на испитаниците по ова прашање покажува дека Албанците се поголеми оптимисти од Македонците. Мнозинството Албанци се на ставот дека сме подготвени да се справиме со кризата. 61,5% од Македонците и 44,4% од етничките Албанци се убедени дека не сме подготвени за кризата, додека подготвеност регистрирале 28,5% Македонци и 47% етнички Албанци.
Истражувањето на јавното мислење за потребите на емисијата Детектор го направи Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.