За прв пат просечната плата во зоните е поголема од просечната во земјата и очекувам тој раст да продолжи. Ние уште на почетокот кога ја преземавме работата во зоните рековме дека синтагмата „евтина работна сила како мамка за привлекување странски инвестиции“ ја бришеме од кампањата“, вели Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ, во интервју за „Фронтлајн“.

Тој нагласува дека она што е ново, е што еден од условите кои им се поставува на странските инвеститори е при градбата на објектите да користат домашни изведувачи или добавувачи на материјали.

„Од регионот на југоисточна Европа најмногу инвестиции доаѓаат од Грција и една од придобивките е постигнатиот Преспански договор. Во прилог на ова е интересот искажан од компанијата Митиленеос, која е активна во областа на енергетиката и која неодамна доби статус на стратешки инвеститор од страна на Владата, како што претходно беше речено, станува збор за сериозно голема инвестиција која ќе придонесе во сегментот на производство на електрична енергија, што е многу важно во овој период на енергетска криза“, вели Деспотовски.За прв пат просечната плата во зоните е поголема од просечната во земјата и очекувам тој раст да продолжи. Ние уште на почетокот кога ја преземавме работата во зоните рековме дека синтагмата „евтина работна сила како мамка за привлекување странски инвестиции“ ја бришеме од кампањата“, вели Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ, во интервју за „Фронтлајн“.

Тој нагласува дека она што е ново, е што еден од условите кои им се поставува на странските инвеститори е при градбата на објектите да користат домашни изведувачи или добавувачи на материјали.

„Од регионот на југоисточна Европа најмногу инвестиции доаѓаат од Грција и една од придобивките е постигнатиот Преспански договор. Во прилог на ова е интересот искажан од компанијата Митиленеос, која е активна во областа на енергетиката и која неодамна доби статус на стратешки инвеститор од страна на Владата, како што претходно беше речено, станува збор за сериозно голема инвестиција која ќе придонесе во сегментот на производство на електрична енергија, што е многу важно во овој период на енергетска криза“, вели Деспотовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.