Заслужува да се поздрави решеноста на Владата „да пресече” и оваа инвестиција која е важна за сите граѓани да се случи, напиша на својот фејсбук-профил Јован Деспотовски од СДСМ по информацијата дека македонскиот премиер Христијан Мицкоски во Вашингтон го потпишал договорот со „Вабтек“, американска компанија која ќе инвестира 35 милиони евра во фабрика во Македонија за производство на сопирачки за шински возила.
Навистина е добра веста дека американската Вабтек (Wabtec) ќе ја реализира својата нова инвестиција и значително ќе ги прошири своите капацитети во Македонија.
Повеќе од две години со тимот од ТИРЗ работевме заедно со оваа компанија, која веќе вработува над 350 наши сограѓани. Се боревме заеднички со предизвиците од различни институции. Институции и политичари кои заборавија дека работат за интересите на државата и граѓаните. Се боревме и на суд, каде добивме заедно со компанијата. Одлуката сè уште не е спроведена. Сепак, добро е што овие предизвици се сега минато.
И затоа заслужува да се поздрави решеноста на Владата „да пресече“ и оваа инвестицијата која е важна за сите граѓани да се случи.
Честитки за сите, напиша Деспотовски на својот фејсбук-профил.
Во однос на судскиот процес што го споменува Деспотовски, се работи за спор пред Управниот суд на ТИРЗ против Комисијата за заштита на конкурентноста за наводни незаконски услови за реализација на инвестицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.