Вчера отворени беа поголемиот дел од маркетите, а деенска само некои се одлучија да работат. Оваа препорака на нозе ги крена синдикатите и здруженијата според кои на овој начин се крши Законот за неработна недела. Дали надлежните ќе се откажат од препораката за божиќните празници, останува неизвесно. Министерката за труд Јованка Тренчевска за Канал 5 кажа дека тоа е препорака на Министерството за економија, но вели:
Мојот став како министерка е дека државните празници се неработни за сите граѓани во државата освен за оние со закон каде е дозволено заради процесот на работа. Државен испекторат за труд е инспекцискиот орган кој врши надзор за исплатата на дневниците за време на државните празници и ќе проверува дали соодветно се платени работниците.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.