Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат рече дека и покрај зголемувањето на минималната плата, процентот на инфлација е мошне поголем од процентот на покачувањето на платите во јавниот сектор.

„Воведовме минимална плата во 2012 година, а инфлацијата од 2012 до сега не е порасната за една година само 14%, порасната е над 60%, а платите во ниту еден момент, зборувам за јавниот сектор, не го следеа покачувањето на инфлацијата “, рече Деаноски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.