Додека секојдневно се зголемуваат цените, особено цената на горивата, која е еден од доминантните фактори за формирање на цените на производите и услугите, Владата ја започнува кампањата за контролирани цени на основните прехранбени производи. Дека ова е само уште една измама на власта објавена од министерот Крешник Бектеши, зборуваат економските анализи, бидејќи во основа „чекорите“ за кои предупредува владата немаат економска логика, реагира Демократско движење.
Аргументите се следни, велат од партијата:
– Ниту една економска мерка не може да ги контролира цените на производите и да ја намали инфлацијата во период од 45 дена, значи неопходно е мерките да бидат од 6 месеци до една година,
– Што ќе се случи кога во екот на зимата ќе престанат мерките и граѓанинот ќе се соочи со неконтролирано поскапување на прехранбените производи, струјата, дрвата, пелетите.
– Дали власта со вештачки мерки се обидува да ги смири граѓаните за да не излезат на протести, по предупредувањата од повеќе сектори?
Целата оваа ситуација докажува дека ниту министерот за финансии Бесими, ниту министерот за економија Бектеши немаат капацитет да ја менаџираат состојбата со инфлацијата, нагласуваат од Демократско движење и велат, бидејќи замрзнувањето на цените се случува само во случаи на вонредни кризи, како што беше случајот со пандемијата или енергетската криза.
Додека Владата експериментира со континуирани мерки, констатираме дека куповната моќ на граѓаните е намалена за 46 отсто во однос на претходната година, а со тоа, од ден на ден граѓаните ќе продолжат да осиромашуваат, реагира партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.