Цените на угостителските услуги во октомври во однос на септември годинава се зголемени за 0,4 проценти, а за 17,4 проценти во однос на октомври лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Споредено по групи на услуги, зголемување во октомври споредено со септември годинава е забележано во групите Храна за 0,3 проценти, Алкохолни пијалаци за 0,8 проценти и Безалкохолни пијалаци за 1,5 проценти.
Во периоодот јануари-октомври годинава, споредено со истиот период лани, угостителските услуги поскапеле за 11,4 проценти, а во однос на декември минатата година зголемувањето изнесува 9,8 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.