Пораншниот пратеник Сурија Рашиди, кој на функцијата беше само 6 месеци, е заменет како директор на АД МЕПСО со Зуди Енузи Кока, дознава „Канал 5“.

Според изворите на телевизијата до смената на директорот кој доаѓа од редовите на Алијанса на Албанците дошло поради превирања во партијата.

Новиот директор, пак, претходно беше директор на Јавното претпријатие Комунална хигиена, а во јавноста е попознат како брат на бизнисменот Јусуф Енузи познат како Цуфи Кока, кој беше уапсен за време на ланските протести против францускиот предлог во Скопје, откако пукаше кон демонстрантите кои поминуваа пред неговиот хотел кај плоштадот Скендербег.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.