Досега има одлична динамика на реализација на проектот за патно поврзување на Дебар со Кичево, односно на делот од трасата од Гарски мост до селото Извор и нашите очекувања се дека ќе биде комплетно завршен до крајот на следната или на почетокот на 2024 година, оцени денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Се работи за комплетно нов патен правец, инвестиција од околу 20 милиони евра, кој е многу значаен за целиот регион и ќе го поврзи Дебар со Коридорот 8. Таму имаме добар прогрес на работите и нашите очекувања се дека ќе биде комплетно завршен до крајот на 2023 или на почетокот на 2024 година. Убеден сум дека ќе биде од корист за граѓаните од Дебар и Кичево и од целиот регион за поврзување меѓу двата града, за побезбедно движење на граѓаните и за посилна економија на целиот регион – рече Бочварски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Дебар.
Врз изградбата на патот, како што кажа, сериозно влијание ќе имаат и временските услови, бидејќи се работи за планински крај каде многу големо влијание имаат снежните врнежи и до кога ќе се задржи снегот за да може градежната механизација непречено да работи на терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.