Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Рустеми, извршија увид во градежните активности на автопатската делница Кичево – Охрид.
Посетата ја искористија да направат обиколkа на целата траса и одблизу да се запознаат со градежните активности за изградба на овој автопат.
Должината на оваа автопатска делница е 57 километри и инвестицијата е во висина од 598 милиони евра, средства кои се комплетно обезбедени.
Вкупниот прогрес на градежните работи изнесува околу 70%.
Во текот на работната посета тие одржаа и координативен состанок со претставници од компанијата изведувач и со надзорот, каде им беше презентирана динамиката со која се реализира овој крупен капитален проект.
На состанокот се разговараше и за роковите на изградбата на петте подделници, од кои петтата подделница од Аеродромот Свети Апостол Павле до Охрид да биде пуштена за сообраќај до крај на годината.
Министерството за транспорт и врски е посветено на реализацијата на капиталните инфраструктурни проекти заради рамномерен регионален развој и модернизирање на целокупната транспортна мрежа низ земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.