АД ЕСМ соопшти дека денеска започна ремонтот на Блок 1 на РЕК Битола, и во следните триесетина дена на постројката ќе бидат извршени неопходните зафати со цел зголемување на нејзината стабилност и доверливост во текот на претстојната грејна сезона.
Заради енергетската криза во која се наоѓа Република Македонија и Европа и потребата од континуирано и зголемено производство на електрична енергија, ремонтот на Блок 1 на РЕК Битола ќе се изведува пократко од вообичаениот период.
Потребите за електрича енергија на граѓаните и малите потрошувачи се задоволуваат целосно преку другите производни капацитети на АД ЕСМ. Од денеска во погон е ставен РЕК Осломеј, а од 22 септември започнува со работа и ТЕЦ Неготино.
По завршувањето на ремонтот на Блок 1, планирани се ремонтни активности и на Блок 2, додека Блок 3 се очекува да биде ставен во функција на почетокот на ноември, информираат од АД ЕСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.