„Законот за индустриски емисии е во финална фаза и наскоро ќе влезе во постапка за донесување. Една од работите која е предвидена во овој закон е 24 часовен мониторинг за индустриските капацитети со А интегрирана дозвола“ изјави државната секретарка во Министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова во „24 анализа“ на ТВ24.

Таа додаде дека законот се работел подолго од што било планирано, бидејќи како Министерство наишле на отпор.

Кога носите ново законско решение и кога дел од европското законодавство се става во македонското има отпор. Бизнис заедницата ќе биде запознаена со законот и за влијанието кое овој закон го има“ кажа Шукова.

Државната секретарка додаде дека македонското законодавство редовно ги следи најдобрите европски практики за заштита на животната средина и кажа дека последните години повеќе се носат и имплементираат програми и мерки за заштита на квалитетот на воздухот.

„Како што се зголемува свеста за загаденоста на воздухот кај граѓаните, се зголемува и кај властите“ рече Шукова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.