„Им кажав јас на претставниците од синдикатите дека заслужуваат повисоки плати, достоинствени плати. Но да зборуваме и за продуктивност, ефикасност и покажување на резултати“, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „360 степени“ на АлсатМ.
Тој додаде дека треба да се дискутира и за воведување на одржлива методологија, за да не испадне дека за три месеци по договоренето ќе има нов штрајк со нови барања.
„Платите во јавниот сектор ги добиваме од даноците кои ги плаќаат вработените во приватниот сектор. Затоа треба истото што го бараме од нив, продуктивноста и ефикасноста, да го бараме и во јавниот сектор“, рече Битиќи.
Вицепремиерот додаде дека постои ризик од ефект на спирала на инфлација со растот на платите во јавниот сектор и токму поради тоа покачувањта треба да се случат согласно социјален договор, кога ќе се процени дека негативниот ефект ќе биде најнизок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.