Владината делегација предводена од заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции – Фатмир Битиќи денес во Тирана ја отвори пленарната седница на меѓувладините работни групи кои денеска и утре ќе дискутираат за детална имплементација на постигнатите договори во рамките на Отворен Балкан.
Во воведното отворање вицепремиерот Битиќи рече:
Време е да се фокусираме на резултати, опипливи и видливи кои произлегуваат од реалните потреби на граѓаните што значи дека се автентични и органски, поттикнати оддоле а ние ги качуваме високо на нашата агенда на Отворен Балкан, затоа верувам дека Отворен Балкан е повеќе од идеја и повеќе од иницијативи, туку има полн капацитет да одговори на потребите и да даде оперативни решенија. Целта на Отворен Балкан е сите нас да не носи напред кон развој, интеграција, конкурентност наспроти меѓусебна конкуренција, слобода на движење на 4-те слободи на Европската Унија, олеснување на процедурите, солидарност и подадена рака.
Оваа идеја сите не спојува во јасна, отворена, искрена и граѓанска намера.
Денеска тука сме три земји со отворени претпристапни преговори со Европската Унија и сите знаеме колку Отворен Балкан има потенцијал да ги акселерила реформите потребни за влез во ЕУ. Преку Отворен Балкан, заедно во ЕУ. Тоа е нашиот пат и се надевам дека на истиот набрзо ќе се приклучат и другите земји од Западен Балкан.
Денеска тука се моите колеги, министри, заменици министри, државни секретари и советници кои заедно со колегите од Албанија и Србија ќе работат на утврдување на рамки на работа и протоколи и начини на кои солидарни ќе си помагаме при катастрофи и несреќи, при недостаток на храна и при енергетска криза, со што периодов се соочуваме како резултат на глобалната криза предизвикана од руската воена инвазија врз Украина, но не само.
Иако секоја национална економија има свои соодветни одговори на предизвиците со кои се соочуваме, како онаа од претходната недела кога Македонија воведе забрана за извоз на пченица – но, доколку оперативниот план што тука заедно ќе го работиме со колегите од Албанија и Србија покаже дека можеме и треба да помогнеме со количина на пченица за нашите сојузници од Отворен Балкан, ќе најдеме начин тоа да го направиме, како и можни начини за заеднички настап на глобалниот пазар како поголем регион или како цела Унија со земјите кандидатки.
Унапредувањето на трговската размена и синџирите на снабдување се потенцијал од кој сите можеме да капитализираме преку стимулирање на носење на синџирите на набавка во нашите земји и секако блиску границите на Европската Унија, сега кога последните веќе три години скоро, ни покажаа дека далечните источни маркети не се одржливи и се лесно кршливи во време на криза.
Секое лето успешно или за жал помалку успешно се справуваме со летните пожари. Ќе изработиме планови и ќе создадеме оперативни групи за да одговориме едни кон други итно кога на некоја од нашите држави и е потребна помош, но сигурен сум дека ќе дефинираме и можности за помош на останатите земји од регионот – гледаме што се случува деновиве во Словенија. Подготвени сме да помогнеме секому, потребата од помош нема граници.
Секако ќе зборуваме за заедничко надминување на енергетската криза и начините за штедење, нешто што пред неколку месеци веќе пред моите сограѓани кажав дека ќе е не само неопходно, едноставно тоа е единствено одговорно и солидарно однесување на секој од нас.
За крај, она што верувам дека граѓаните го очекуваат, а тоа е дефинирање и начинот на активирање на идентификацискиот број за граѓаните и потребата за отстранување на работните дозволи. Секој ден поминат во бирократија е пропуштена шанса.
За сите овие теми 5 работни групи ќе имаат интензивна работа во следните два дена, посакувам да се продуктивни и на крај на утрешниот ден да го презентираат сработеното.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.