Вицепремиерот Фатмир Битиќи ја повика Пазарната инспекција да ги контролира трговците коишто продаваат производи со нереално висока маржа. Од Пазарна, пак, велат дека не се надлежни.
Битиќи смета дека трговците се служат со манипулации и за три дена ги зголемиле цените за 20%, што според него е некоректно, затоа што производствена цена им била драстично пониска.
Со особен интерес ги следниме цените во последните три дена на слободниот пазар и има некоректно, неетичко и неморално однесување на одредени компании кон зголемувањето на цените, што ќе наиде на одговор на институциите. Не може цената да порасне за 24 часа за 20 посто, кога производствената цена не пораснала за 20 отсто во тие 24 часа. Тоа е една одредена манипулација кон нашите граѓани и затоа соодветно ќе реагираат инспекциските служби од кои очекувам извештај – наведе Битиќи.
Од Инспекторатот одговараат дека во пазарна економија трговците сами ја одредуваат маржата и кога заработката не е ограничена од страна на владата, тогаш моќта на пазарната инспекција е ограничена.
Државниот Пазарен Инспекторат, соглaсно законот, не е недлежен да ги контролира маржите. Во пазарна економија трговците слободно си ги формираат цените. Ние сме надлежни во делот на евиденција, односно дали изложените цени се во согласност со Правилникот, односно со евидентираните во книговодствената евиденција – вели директорката на Државниот Пазарен Инспекторат, Анета Симеска.
Откако престанаа да важат антикрзините мерки, граѓаните се сведоци на енормни зголемувања на цените на основните прехранбени прозводи. Млекото, оризот, лебот, јајцата, брашното и маслото за јадење се продаваат по повиски цени од три до 20 денари, во зависност од производот и маркетот. Владата најави нов пакет мерки, но по усвојување на ребалансот на буџетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.