Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека одлуката за замрзнати цени не е најдобра мерка.
Според него, истата е нужна кај нас со нарушени пазари.
„Се почитува во маркетите, за жал но не и на зелените пазари. И тоа се случува со поединци. Таму каде што ДПИ ќе стигнат и реално не се придржуваат, се казнуваат. Замрзнувањето на цени не е мерка која треба секоја Влада да ја носи. Не е најдобрата мерка, но е нужна кога имате нарушени пазарни релации. Кај нас сакаме сами да одредуваме правила.“, вели Битиќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.