За само година ипол социјалдемократските политики носат 25отсто повисоки пензии за сите 330.000 пензионери напиша Фатмир Битиќи.
Од овој месец сите пензионери добиваат историско покачување на пензиите од 8,4 проценти. Ова е второ покачување на пензиите за само неколку месеци или вкупно околу 16%. Со тоа просечната пензија која досега изнесуваше 17.666 денари, се зголемува на 19.150 денари, односно за околу 1.500 денари повеќе.
Во оваа 2023 година освен сегашното мартовско усогласување на пензиите, уште едно ќе следи во септември, усогласено според трошоците за живот и порастот на просечната плата. Со што, за само година ипол социјалдемократските политики носат 25отсто повисоки пензии за сите 330.000 пензионери.
Разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е јасна и очигледна. Тоа нашите граѓани го забележуваат и во нивниот домашен буџет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.