Подобрувањата и сите чекори кои ги преземаме не носат кон крајната цел – европска Македонија, но очекувањата треба да бидат реални. Креираме можности, но не може да се занемари трендот во цела Европа, па и подалеку, дека луѓето бараат подобри услови за живот на други места, истакна денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Креирањето на нови работни места, кои се поврзани со четвртата индустријализација и кои имаат висока додадена вредност и повисоки плати, е европската Македонија која сакаме да ја видиме. Не можеме да очекуваме дека за еден ден ќе го постигнеме стандардот на Германија или на која било земја членка на ЕУ. Тоа е процес во кој сите заедно сме влегле и ќе го постигнеме. Во нашата земја се подобрува стандардот на живот, но може да дебатираме и дискутираме дали се прави со брзината со која сите би сакале и ја очекуваме – рече Битиќи во одговор на новинарско прашање што прави Владата за да го спречи одливот на млади кадри од државата.
И јас и моите деца, посочи тој, живееме во оваа земја и сме одлучиле дека ќе живееме во оваа зема и дека заедно ќе ја градиме иднината со подобар живот.
На сите наши граѓани кои одлучиле да отидат во странство им укажувам дека работиме за да го подобриме квалитетот на животот и оти конечно државата е на правиот пат и дека наскоро ги очекувам назад за да придонесат за својата земја со нивните знаења и вештини – порача Битиќи во изјава по средбата со директорот на „ТАВ Македонија“ Метин Батак во Владата.
Системот и институциите ги креираат луѓето, а луѓето, додаде Битиќи, сме сите ние кои сме дел од општеството.
Во суштина подобрувањето и на системот и на институциите, но и на севкупното живеење во државата го правиме сите ние. Мојот личен став е дека со личен пример треба да се погрижиме да го подобриме системот. Ако го следиме личниот пример сметам дека секој ќе придонесе за многу брзо да се подобрат состојбите – посочи Битиќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.