Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека е нелогично и неетички веќе разрешен директор во државна компанија, повторно да биде вратен на истата позиција.

Повеќето менаџерски договори во акционерски друштва се ревидирани со намалување на привилегиите на менаџерите. Се согласуваме дека тоа и понатаму треба да се регулира затоа што еднаш разрешен човек веројатно се разрешува затоа што не може да ги исполни очекувањата од работното место и би било нелогички и неетички да се врати на истото работно време, изјави денеска Битиќи, прашан за именувањето на директор на ИТ секторот во државната МЕПСО.

Дел од медиумите денеска пренесоа дека директор на ИТ секторот во државниот преносен оператор МЕПСО, е повторно именуван на оваа функција иако пред три години бил разрешен и за тоа земал отпремнина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.