ЕВН Хоум е повикана на 1 декември да испорача дневна евтина тарифа на струјата за сите, а како тоа ќе го направат е нивна надлежност и одговорност, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Според него, оперативните работи треба да ги направат тие што се повикани за тоа.
Фактот дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) излезе со цени кои се аплицираат од 1 јули до крајот на годината и со самото кажување дека на 1 декември треба да стартува евтината дневна тарифа, оперативните работи треба да ги направат тие што се повикани за тоа. Можам да им дадам помош на ЕВН Хоум ако немаат, ќе одам лично да ги сетирам броилата, ако е тоа проблемот – истакна Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Нехо Исни“- ДООЕЛ Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.