Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски во разговор за МИА вели дека нема да се дозволи ценовен шок и посочува дека посочува дека следната седмица се очекува да ја информираат јавноста околу цената на струјата од 1 јануари 2024 година.
-Цените на струјата секогаш сe актуелни, во изминатиот период повторно бевме соочени со разноразни црни сценарија, колку ќе значи поскапувањето, што ќе значи. Ние ги привршуваме цените во однос на делот за мрежарините, за пренос и за дистрибуција на електрична енергија. Понатака откако ќе ги усвоиме, универзалниот снабдувач треба да ги достави. Очекуваме во текот на следната недела да ја информираме јавноста. Секогаш имаме креативни решенија, нема да има никаков ценовен шок, сè ќе биде во рамките на тоа што може да се очекува, вели Бислимоски.
Тој во своето кажување вели иако компаниите имаат свои трошоци сепак на крај ќе ги разочараат сите експерти со објавување на цената на струјата. Го даде како пример зголемувањето од 27% што го побарале компаниите и кажа дека тие “апсолутно тоа нема да го добијат“.
Ги привршуваме анализите, имаме начин како да го спречиме тоа, ќе воведуваме и надоместок за пристап кон мрежа, којшто најодговорно тврдам дека ќе им помогне на сите потрошувачи во државата, имајќи предвид дека поради поставување на фотоволтаици на кровови и на индустриски капацитети и на домаќинства, потрошувачката ни падна за десетина проценти што прави дополнителен притисок врз цената. Значи, тоа има влијание и не може тие што не поставиле фотоволтаици да плаќаат за тие што поставиле фотоволтаици, вели Бислимоски.
Објаснува дека има 130 илјади домаќинства кои минимално трошат електрична енергија, но трошоците за одржување на мрежите се фиксни секој месец и „не може да плаќаат само тие што трошат, туку има и фиксен трошок“.
Во однос на воведените блок тарифи потенцира дека се покажа дека функционираат и ќе продолжат да функционираат.
Имавме сосема разбирлив притисок од Меѓународниот монетарен фонд, но на крајот се разбравме дека колку и да ги намалиме ние тарифите, толку повеќе ќе се зголемува приходот и со тоа ќе има други непотребни работи коишто треба да се случуваат. Блок тарифите ќе продолжат да функционираат и сега за сега даваат одлични резултати. Најбитно ни беше со блок тарифите да се намали потрошувачката на електрична енергија. Веќе испраќаме и сигнал, тие што се во четврти блок, многу влегуваат во четвртиот блок, можат да си одат на слободен пазар да си набават електрична енергија, објаснува Бислимоски за МИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.