Енергетската криза трае и ќе продолжи во следните неколку години. За можноста ТЕ-ТО да не може да се вклучи како помош за пребродување на идната грејна сезона како што се вклучи годинава, претседателот на РКЕ Марко Бислимоски за Утрински брифинг вели дека ситуацијата со снабдување со природен гас е многу сериозна и секогаш може да се случи нешто непредвидено, а нашите трговци имаат договори докрајот на годината со можност за продолжување.

Имаше периоди во годината кога цените на нафтата не беа екстремно високи и се исплатеше набавка на мазут за вклучување на ТЕЦ Неготино. За жал, и цените на мазутот отидоа нагоре, но битно е да се обезбеди струја. ТЕЦ Неготино ја исполни оваа улога. Со оваа цена на мазутот цената на топлинската енергија е нешто помала одошто од гас, но треба да се има предвид и еколошкиот екефт. Мазут е тешко да се најде на пазарот и мислам дека треба да се размислува за дизелот како алтернативно гориво. Тоа нема да се одрази на снабдувањето на дизел за возилата, вели Бислимоски.

Бислимоски вели дека резерви има, а кога се крена паника се покажа многу бргу дека е неоснована. Тој додава дека е факт оти имаме исклучително тешка ситуација, но факт е дека институциите ги преземаат сите мерки.

Нафтените деривати ни се со зголемени цени затоа што е пораснат курсот на доларот и тоа не е поврзано со берзанските цени на брент нафтата, појаснува Бислимоски за Утрински брифинг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.