Се враќа дневната евтина тарифа на струјата, објави директорот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. Како што додаде тој, ќе бидат два часа, во периодот од 11 до 16 часот.
Ги правиме последните анализи, јасно е дека ќе бидат два часа, некаде во периодот од 11 до 16 часот, рече Бислимоски.
Во тек се и консултации со ЕВН во однос на броилата поставени во домовите и нивно прилагодување.
Евтината струја нема да стапи на сила во еден ист момент за сите, поради тоа што голем дел од броилата немаат далечинско управување, па тимови ќе треба кај секој да пристапат физички.
Конечната одлука регулаторна ќе ја донесе во следните 15 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.