Во следниот период треба да продолжиме со инвестициите во фотоволтаци, но треба да се насочиме и кон инвестиции во батерии и да се работи на поедноставување на регулативата за поставување батерии, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на 14. бизнис форум „Енергетската сегашност и иднина”, што се одржа вечерва во организација на Ротари клубот Скопје – Центар.
Сите инвестиции се насочени кон обновливи извори на енергија и тоа треба да продолжи, но ни треба базна енергија. Во моментoв базната енергија ја обезбедуваме од термоелктраните од јаглен и треба да сме реални за нивниот животен век затоа што не може да очекуваме од пензионери да трчаат маратон – тоа е невозможно. И никој нема да ни даде финансии да инвестираме во нови термоелектрани, но она што треба да го направиме е да го обезбедиме природниот гас за производство на електрична енергија и таа треба да ни биде базна енергија – укажа Бислимоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.