Согласно мерките за намалување на трошоците на живот за граѓаните, Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски и Железници на Република Македонија Транспорт АД-Скопје донесе одлука да се воведе бесплатен превоз во железничкиот сообраќај и тоа:

 

  • Бесплатен превоз на млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот

 

  • Бесплатен превоз на стари лица, жени до 62 години и мажи до 64 години секој втор викенд во месецот (петок, сабота и недела);

 

  • Бесплатен превоз за студенти секој четврток

 

  • И бесплатен превоз за сите ученици во средното образование и тоа еднаш неделно во среда

Бесплатниот превоз се воведува од 1 мај 2022 година, согласно возниот ред на Железници на Република Македонија Транспорт АД-Скопје за 2022 година.

 

Со оваа мерка овозможуваме континуирана поддршка на граѓаните се со цел  поттикнување на железничкиот сообраќај како најевтин и еколошки превоз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.