Министерот Крешник Бектеши објави дека е даден предлог од Министерството за економија денеска до Владата да се утврди највисока маржа која ќе биде 10 отсто за трговците на електрична енергија.

 Ова е најголемата профитна маржа која трговците ќе може да ја вкалкулираат во цената за сите тие на слободниот пазар, рече Бектеши.

Во моментов на слободниот пазар има околу 1.500 компании, но и околу 500 институции од централната и локалната власт.

Трговците и лиценцираните снабдувачи не можат со новата одлука да применуваат поголеми маржи од 10 отсто. Ако денешната цена на берзата е 400 евра мегаватчас, трговците не може да применуваат повисока цена од 440 евра, наведе тој.

Ваквиот прелдог беше на барање на стопанските комори, одреден период, додека трае оваа криза маржата на трговците со електрична енергија да се ограничи.

Бектеши најави дека наредните денови претставници на власта непосредно ќе ја следат Европската Комсиија на состаноците за ограничување на цените на енергентите, а Македонија ќе побара тие мерки да важат и за нашата држава,



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.