Целосно ги поддржуваме геостратешките пристапи за енергетска независност и безбедност во целиот регион. Под водство и тесна соработка со нашиот стратешки партнер САД посветени сме на плановите за постигнување на енергетска диверзификација и независност во енергетскиот сектор – истакна министерот за економија Крешник Бектеши, кој во рамки на официјалната посета на САД се сретна со водечки личности во Белата куќа и во Стејт департментот.

Како што соопшти Министерството за економија, една од најважните теми на средбите била енергетската безбедност во регионот.

САД и Македонија се посветени на зајакнување на партнерството во транзиција и производство на обновливи извори на енергија – напиша Бектеши на својот фејсбук профил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.