Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на својот фејсбук профил информира дека цените на безалкохолните и алкохолните пијалаци ќе се намалат за 10 отсто во наредниот период.

Тој информира дека добил неколку писма од домашни производители на минерална вода, сокови и пиво кои го известиле дека доброволно се вклучуваат во кампањата „гарантирана цена”.

-Намалување на цените на безалкохлните и алкохолните пијалоци! Денеска добив неколку писма од нашите домашни производители на минерална вода, сокови, пиво кои ме известија дека доброволно се вклучуваат во кампањата „гарантирана цена” со намалување на цените од минимум 10 отсто!, наведува Бектеши на својот Фејсбук профил и изразува благодарност за подршката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.