Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дека земјава ќе ги искористи 80-те милиони евра од Европската Унија најверојатно како директна поддршка за најранливите категории граѓани и за микро и малите претпријатија.

Како што соопшти Бектеши, вчера се доставени предлозите од наша страна до Европската комисија (ЕК), а до утре се очекува одговор.

Вчера се доставени нашите предлози до ЕК, до утре секако дека ќе имаме одговор, а нејверојатно средствата ќе бидат директна поддтршка за најранливите категории граѓани и за микро и малите компании до крајот на прогалсената кризна состојба до крај на април, изјави Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со претставниците од пекарската индустрија.

Претседателката на ЕК Урсула Фон Дер Лајен, која вчера беше во посета на земјава, соопшти дека од пакетот помош на ЕУ за регионот, 80 милииони евра се наменети за Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.