Очајот и нервозата во СДСM кулминираат. Не знаат кај тераат. Пробуваат со лаги како деца од градинка да се оправдаат за концесијата која нивната влада ја даде за рудникот во Иловица. Па се вртеа, па се сучеа, па биле изманипулирани, па биле фатени на препад, па немале информација за што гласаат. И на крајот Крешник Бектеши, министер од нивниот коалиционен партнер во Владата ги закопа и министрите од СДСМ и Ковачевски, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Бектеши прво призна дека СДС и ДУИ се тие кои ја дале концесијата за Иловица, а второ кажа дека на последната владина седница кога се одлучувало за спојување на концесиите ден однапред им доставил материјали на своите колеги, па дури и имало дискусија. Очигледно министрите на СДС дури отпосле кога се соочиле со револтот на народот, почнаа да се прават паднати од марс и да тврдат дека и самите биле излажани.
Да биде лицемерието поголемо истите министри кои гласаа за отворање на рудникот, беа на протестот против рудникот. СДС се наоѓа во политичка шизофренија. Една лага ја покриваат со нова. Толку лаги изнакажаа, што и самите веќе не знаат што е вистина.
Впрочем СДС градеше цела една кампања и реторика против рудниците во време кога беше опозиција. Лажеше, за сега парадоксот да биде поголем тие да ја го овозможт нивното отворање. Притоа СДС ова го прави за да им удоволи на бизнис интересите на компании кои се блиски до нивниот посилен коалициски партнер ДУИ. Со други зборови за да купат уште некој ден повеќе во Владата, СДС го погази и овој свој збор за рудниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.