Гас ќе има доволно за да се обебзеди непречено производство на струја и топлинска енергија во престојната грејна сезона и во зимските месеци, уверува министерот Бектеши. ЕСМ треба да одговори до утре на понудата на АД Макпетрол за достава на гас. Во моментот се врши екипирање на трите компании кои ги формираше државата ЕСМ а кои треба да ги снабдуваат скопјани со топлинска енергија. Околу 130 вработени ќе бидат од БЕГ.

Гас за производство на струја и топлинска енергија има и ќе има, дециден е министерот за економија Крешник Бектеши. Во моментот се истражуваат сите опции за дополнителни набавки а тој уверува дека ќе се купи по најдобрата можна цена на пазарот. Кога станува збор за ЕСМ која ги презеде топланите од ЕБГ, понудата од АД Макпетрол е доставена рокот истекува утре а се чека на одговор од државата компанија.

Во моментов се врши екипирање на работените во трите компании кои ЕСМ ги формираше за да влезат на местото на БЕГ кое остана без лиценца. Според извори на Телма, околу 130 од 300 вработени во БЕГ ќе бидат ангажирани од ЕСМ во новите три претпријатија.

Според систематизацијата на овие компании кои ни ги достави ЕСМ, трите фирми – ЕСМ, производство, ЕСМ снабдување и ЕСМ дистрибуција ќе бројат вкупно 310 вработени. Најбројна ќе биде ЕСМ Дистрибуција со 144 вработени, потоа е ЕСМ Снабдување со 88 и ЕСМ Производство со 86 вработени.

Огласи за вработување веќе се распишани за две од трите компании – Снабдување и Дистрибуцуија додека за производство сеуште не. Во дистрибуција ангажирани досега се 66 лица а во снабдување 53 што значи дека во наредните дваесетина дена треба да се изврши доекипирање со уште околу 200 вработени.

Минимум услов кој мора да го исполнуваат кандидатите е тригодишно работно искуство во дејснота снабдување и дистрибуција на топлинска енергија а од ЕСМ се децидни дека превземање на вработени од други институции засега нема и дека сите кои досега се ангажирани биле пријавени на оглас.

Грејната сезона официјално стартува на 15 октомври доколку нема нагли падови на температурата и трае до 15 април, а во моментот на сила е кризна состојба која ја прогласи Владата со цел полсено да обезбеди средства на ЕСМ за набавка на гас за потребите на ТЕ-ТО и топланите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.