Континуираниот раст на каматите на кредитите од комерцијалните банки не го намали туку го зголеми кредитирањето на домаќинствата и компаниите

Податоците на Народната банка покажуваат дека каматната стапка на новоодобрени денарски кредити во вториот квартал годинава кои ги подигнале домаќинствата изнесува 5,9 отсто, а пак каматната стапка на девизните кредити изнесуваат  4,3отсто.

Извештајот покажува дека има благо намалување на каматните стапки на кредитите во денари од 0,2 отсто, а толкав е процентот на зголемување на каматната стапка за кредитите кои се земаат во девизи. Податоците на Централната банка покажуваат дека доколку се споредат каматните стапки во првиот квартал годинава и лани, има зголемување за еден процент.

Народна Банка – каматни стапки на кредити за домаќинства

Кв1 2023                              Кв2 2023

Денарски 6.1 отсто             Денарски     5.9 отсто

Девизни   4.1 отсто             Девизни       4.3 отсто

 

Кв1 2022                                 Кв2 2022

Денарски 5.1 отсто              Денарски      5.1 отсто

Девизен   3.5 отсто              Девизен         3.6 отсто

 

Дека парите потребни за бизнис се сериозно поскапени потврдуваат податоците на Народната банка кои покажуваат дека за една година каматните стапки на кредитите кои ги земаат компаниите се зголемени за над два и пол отсто во девизи и за речиси два отсто во денари.

Достапните информации велат дека трите најголеми банки во Македонија во првите шест месеци од годинава оствариле бруто добивка од речиси 86 милиони евра. Комерцијална банка е на врвот со над 32 милиони евра, веднаш зад неа се  НЛБ и Стопанска банка кои од јануари до јуни годинава  оствариле добивка од над 27 односно 26 милиони евра.

 

32, 5 Милиони евра –  Комерцијална банка

27     Милиони евра  – НЛБ банка

26,2  Милиони евра – Стопанска банка

 

Во април, мај и јуни граѓани најмногу од комерцијалните банки подигнувале потрошувачки кредити. Втори на листата се станбените кредити, а најмал дел од граѓаните кои решваат да се задолжат во банките е за автомобилски кредит.

Податоците на Народната банка покажуваат дека за разлика од првиот квартал кога има стагнација на кредитирањето, во вторите три месеци од годинава кредитната активност на комерцијалните банки се зголемила за 2,6 отсто.

Во периодот што следи, според информациите банките најавуваат олеснување на условите за кредитирање на компаниите, додека за домаќинствата се очекува  се заострување на  кредитните услови поради зголемена побарувачка на нови кредити.

извор: 24.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.