Минатата година по разни основи, присилно се наплатени повеќе од 145 милиони евра. Тоа е сумата што ја реализирале 100 извршители за долговите што ги направиле физички и правни лица, но и државата. Од фирмите должници, извршителите лани наплатиле 81,7 милиони евра, од граѓаните 40,5 милиони евра, а најмалку од државата – 23,4 милиони евра, покажува анализата на Пари.
За услугата „наплата на долгови“, извршителите наплатиле околу 10 милиони евра, но кога ги подмириле своите трошоци, им останал чист профит од околу 4 милиони евра.
Овие околу 10 милиони евра приходи доаѓаат по три основи: сите заедно наплатиле за една година 552 илјади евра како надоместок за обработка на предмети, 4,3 милиони евра за преземени извршни дејства и 5 милиони евра како награда за извршување. Сепак, мора да се нагласи, овие износи се без пресметан ДДВ.
Тоа е општата, заедничка слика за извршителите. Но, во зависност од тоа колку предмети добиле и реализирале, така остварувале и приходи.
Целата анализа можете да ја видите тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.